«Корона Чао» е кавер на познатата Bella Ciao, во придружба на Брастет Скопје, направен за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов 🙂 Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла. Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни «карантински» online настапи на FB.
Уживајте и пејте со нас 🙂
КОРОНА ЧАО
Што беше фино
Пред карантинов
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Дајте кафана, екипа збрана
Инаку ќе полудиме!
Во четири ѕида
Каде да идам,
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
И пак по старо, да живне народ
Ма, ќе се препородиме!
Носиме маски
Ко да сме хаски,
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Покажи фаца, дај да те бацам,
Без љубов ќе се мрднеме!
Како на ланци
Држи дистанци
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Ни фали гужва, ни фали дружба
Да може да се гушнеме!
Не кашлај тамо
Ти млада дамо
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Фаќа нервоза од иста поза
И само да се јадело!
Ама ќе пројде
Живот ќе дојде
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Ни фали плажа, гужва, гњаважа
И ко да ништо не било!
Ни фали гужва, ни фали дружба
само да биде весело!